Основно училиште „Ванчо Пркев“ Штип

 

Основното училиште "Ванчо Прке" од градот Штип е развиено основно училиште лоцирано во центарот на градот. Училиштето е изградено во 1962 година и работи како централно училиште со три подрачни училишта во с. Ново Село, с. Селце и с. Лакавица. Во основното училиште "Ванчо Прке" има редовни паралелки на ученици од  1-во до 9-то одделение кои учат во две смени и паралелки за деца со посебни потреби (деца со лесна попреченост, со тешки пречки во развојот и деца со аутизам), исто така од прво до девето одделение. Освен во овие паралелки,  деца со посебни потреби има и во редовните паралелки. Мнозинството ученици се од македонска националност, а наставата се одвива на македонски јазик во две смени. Училиштето е препознатливо по високиот квалитет на работата и постигнувањата на учениците од различни области, како и остварувањето на визијата и мисијата на училиштето. Училиштето се грижи за здравјето и безбедноста на учениците, ја поттикнува родовата чувствителност и мултикултурализмот, поддржува инклузивноста и го подобрува учеството на учениците, родителите и заедницата во училишниот живот. Училиштето има своја препознатлива оранизациска клима и култура која ги поттикнува добрите односи по меѓу вработените и учениците, помеѓу самите ученици и помеѓу училиштето, семејството и заедницата.

 

Методи Папаров

Директор на училиштето. Дипломиран професор по одделенска настава, со искуство од 15 години.

 

Олгица Милева

Училишен педагог со 37 годишно искуство. Член на тимот за инклузија во училиште. Ги идентификува новозапишаните ученици со пречки во развојот и потешкотии во учењето, презема активности за подобрување на состојбата. Обезбедува поддршка за наставниците во подготовката и реализацијата на ИОП, подготвува и реализира интерни обуки за наставниците и родителите, изготвува едукативни материјали за наставниците и родителите кои ќе аплицираат за време на образовниот процес, спроведува континуирано советување. подготвува едукативни материјали за наставниците и родителите кои ќе аплицираат за време на образовниот процес, спроведува континуирана советодавна консултативна работа со наставниците и родителите за размена на искуства од областа на обезбедување индивидуална поддршка. Учествувала на обуката "Вклучување на деца со посебни потреби во редовните училишта".

Обучувач: училишен тренер на тема "Поддршка на наставниците во работата со ученици со посебни потреби".

 

Вилма Ничева

Училишен психолог - дипломиран психолог со 25 години искуство во областа. Член е на тимот за инклузија во училиштето.

 

 

 

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС

Колачињата ни олеснуваат да ви ги обезбедиме нашите услуги. Со користењето на нашите услуги ќе дозволите да користиме колачиња.