Конференција на Здружението „Комениус“ - Образованието во 21-от век

Универзитетскиот колеџ за образование на наставници на Штаерска успешно ја организираше својата 18-та Меѓународна недела под наслов „Come2Graz“, како дел од годишната Есенска средба на Здружението „Комениус“, осврнувајќи се на темата „Образованието во 21-от век“, а вклучувајќи ги и т.н. „Четири K: креативноста (creativity), критичкото размислување (critical thinking), комуникацијата (communication) и колаборацијата (collaboration), со што се промовира интернационализацијата дома.

На гостите од 25 партнерски институции во 16 земји име беше посакано топло добредојде на Меѓународната недела и тие уживаа во нивниот активен престој, кој беше збогатен со посети на училишта, вечери за вмрежување и екскурзии, како и одбележувањето на 30-годишнината од Здружението Комениус.

Денот на конференцијата, 25 октомври, го отворија Сузан Линхофер, раководителот на Институтот за студиите на различностите и меѓународните односи, Женев Лалој, претседателот на Здружението „Комениус“ и Елгрид Меснер, ректорот на Универзитетскиот колеџ за образование на наставници на Штаерска, со што се одбележа врвот на информативната недела. После двете импресивни главни обраќања од проф. м-р Ева Вернер, ректорот на ИМЦ Универзитетот за применети науки Кремс, Австрија („Образувајте локално - размислувајте и дејствувајте глобално - Интернационализација на наставната програма и развојот на компетенции“) и Ана Рурка, претседател на Конференцијата ИНГО на Советот на Европа („Какво образование ни е потребно за да се одговори на демократските предизвици на XXI век? Стандардите на Советот на Европа”), повеќе од 150 учесници учествуваа на 15 работилници водени од меѓународни предавачи, како и предавачи од Универзитетскиот колеџ за образование на наставници.

   

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС

Колачињата ни олеснуваат да ви ги обезбедиме нашите услуги. Со користењето на нашите услуги ќе дозволите да користиме колачиња.