Третиот состанок на партнерите одржан во Скопје
Третиот состанок на партнерите на проектот „Заеднички јазик во училиште“ се одржа на 13 и 14 ноември 2019 година во Скопје, на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На состанокот присуствуваа претставници од сите партнери вклучени во проектот. Координаторот на проектот, проф. д-р Претис даде осврт на тековната состојба и резултатите постигнати до одржувањето на состанокот, а потоа сите присутни активно придонесоа кон дискусиите за понатамошниот развој на продуктите и идните проектни активности.
Следниот состанок на конзорциумот е закажан за март 2020 во Минхен, Германија.