Заеднички јазик во училиште

Проект во рамките на програмата „Еразмус +“ за имплементирање на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) во училиштата

Проектот „Заеднички јазик во училиште" обезбедува практични алатки за стручните лица кои работат со ученици со развојни потешкотии во училиштата. „Заеднички јазик во училиште" ја претставува Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје, или позната како МКФ (Светска здравствена организација, 2001) како заеднички јазик за опишување на индивидуалната ситуација  на детето во однос на учењето и овозможува холистички трансдисциплинарни проценки и процеси на планирање базирани на способностите на детето.

На проектот работат 10 партнери од 4 држави од Европа (Австрија, Германија, Северна Македонија и Турција), а го координира проф. д-р Манфред Претис. Проектот започна на 1 септември 2018 година и ќе трае до 31 август 2021 година.

 

 

 

  повеќе  

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС