П3 Дозволете ми да бидам дел од тимот
Продуктот „Дозволете ми да бидам дел од тимот" е алатка за самопроценка од страна на учениците со развојни потешкотии која ги ангажира самите да ја проценат сопствената состојба/ситуација во однос на учењето и со тоа им овозможува да земат активно учествуво во планирањето и креирањето на образовните цели кои се однесуваат на нив. Како резултат на тоа, учениците со развојни потешкотии стануваат важен партнер (заедно со родителите и стручните лица во училиштата) во планирањето на нивното образование.
Оваа алатка и методолошкиот пристап се базираат на претходното искуство во Швајцарија (каде што учениците се веќе активно вклучени во процесите на проценката во рамките на училиштата) и ќе биде применета во остатите национални образовни системи (земајќи ги во предвид националните караткеристики на училишните наставни планови и програми).
За да се зголеми употребливоста, различните кодови од овие d-категории ќе бидат сумирани (следејќи го примерот на Холенвегер/Лиенхард во Швајцарија) со цел да се овозможи процес во кој учениците (од 6 години па нагоре) ке можат да направат самопроценка.
Со вклучување на ученикот во процесите на проценувањето се гарантира целосно учество на сите релевантни актери (наставници, психолози, родители и ученици).
„Дозволете ми да бидам дел од тимот“ – Интернет алатка П3
До П3-Интернет алатката можете да пристапите преку следнава адреса: o3.icf-school.eu .
П3 претставува електронска алатка за децата и адолесцентите да ги дефинираат своите потреби од помош и поддршка.
Освен правењето проценка заедно со децата и адолесцентите, оваа алатка им овозможува на корисниците и да размислат за јаките страни и целите на децата и да ги вклучат и нив во описот кој ќе го внесат во алатката.
Интернет алатката е бесплатна за користење, но за да се пристапи до неа потребно e да се внесе код за пристап. Овој код го дава наставникот, родителот, социјалниот работник и сл., преку алатката П2.
Прирачник за П3 Интернет-алатката
Во однос на користењето на П3 Интернет-алатката, препорачуваме прво да се прочита Прирачникот!
Прирачникот ја опишува постапката за користење на оваа П3-алатка чекор по чекор.