Заштита на податоци
Во однос на обработката на податоците од страна на ИнфоПро (InfoPro) партнерот во проектот задолжен на веб-страницата и податоците содржани во неа, проектот „Користење на заеднички јазик во училиштето“ строго ги почитува одредбите од Општата регулатива за заштита на податоци (англ. General Data Protection Regulation - GDPR) и австрискиот Закон за заштита на податоците (DSG).
Довербата ни е важна, особено кога станува збор за Вашите податоци. Затоа сметаме дека е наша обврска најгрижливо да управуваме со нив и да сториме сé што е можно да ги заштитиме Вашите информации од било каква злоупотреба. Ние строго се придржуваме кон прописите за заштита на податоците при собирање и обработка на Вашите податоци.
Следниве информации даваат детално објаснување за тоа кои податоци се евидентирани за време на вашата посета на нашата веб-страница и како ги користиме. Оваа Изјава за заштита на податоците се применува на веб-страницата: https://icf-school.eu и сите мрежни (интернет) алатки кои ги нуди оваа страница.
Некои страници може да содржат линкови до веб-страници што ги одржуваат други страни кои прават обработка на податоци и на нив не се однесува Изјавата за заштита на податоците. Ова значи дека не можеме да прифатиме никаква одговорност за нивната содржина. Ние внимателно ги избираме содржините со кои се поврзуваме, но ако наидете на погрешен линк, Ве молиме да нè информирате и ние веднаш ќе го отстраниме или ќе го ажурираме.
1. Назив на одговорната институција
2. Контакт со одговорната институција
3. Цел на собирањето, обработката и користењето на податоците
4. Правна основа
Вашите податоци ги обработуваме врз основа на Вашата изјава за согласност (член 6, став 1а од Општата регулатива за заштита на податоци): ако сте ни дале согласност за обработка на Вашите лични податоци, секоја обработка ќе се одвива само во согласност со целите наведени во изјавата за согласност и до степенот кој е договорен таму. Откако ќе биде дадена, дозволата може да се отповика во секое време со ефект за во иднина.
5. Категории на засегнати лица
Ние ги обработуваме личните податоци на лицата од следните категории:
- Клиенти
- Заинтересирани лица
6. Категории на лични податоци
- Податоци за контакт (е-мејл адреса, телефонски број)
- Податоци во врска со професионалното опкружување
- Податоци во врска со образование и обука.
7. Приматели или категории на приматели со кои податоците би можеле да бидат споделени
Во рамките на ИнфоПро (InfoPro) Вашите податоци ги добиваат одделенијата или вработените на кои им се потребни за да можат да се исполнат на договорните обврски според Вашето барање. Дополнително, изведувачите кои ги назначуваме ние (особено давателите на ИТ услуги) ги добиваат Вашите податоци само колку што им е потребно за исполнување на нивните обврски. Сите изведувачи, пак, се договорно обврзани да ги третираат Вашите податоци како доверливи и да ги обработуваат само во рамките на услугата.
8. Временски ограничувања за бришење на податоци
Вашите податоци ги чуваме за целото времетраење на деловниот однос според Вашето барање (користење на персонализираните онлајн алатки).
9. Засегнатите права на луѓето
- да побарате информации, известување, бришење или ограничување на обработката на Вашите зачувани податоци;
- да приговорите на обработка на Вашите податоци;
- на преносливост на податоци во согласност со барањата на законот за заштита на податоци.
Секое барање поврзано со оваа тема Ве молиме да го испратете до одговорното лице за обработката на податоците, назначено во точката 2.
Можете да поднесете и било какви поплаки до Австриското тело за заштита на податоци (DSB): www.dsb.gv.at
10. Дали сте обврзани да дадете податоци
Обврзани сте да ги дадете оние лични податоци кои се неопходни за започнување и имплементација на нашиот деловен однос, т.е. да ви понудиме персонализирани онлајн алатки. Доколку не сакате да ни дадете податоци, ова вообичаено значи дека ние мора да одбиеме да го исполниме барањето. Меѓутоа, не сте обврзани да дадете согласност за обработката на таквите податоци што не се релевантни за спроведување на договорот или не е законски или регулаторно потребно.
11. Социјални мрежи
Ние користиме plug-in, односно можности за поврзување, (на пример: Фејсбук симбол) од различни платформи. Со кликнување на некој од овие симболи, се согласувате со комуникацијата со таа платформа и со преносот на информации (на пр., IP адресата) до операторот. За подетални информации за конкретните користења на Вашите податоци, Ве молиме да ги погледнете изјавите за заштита на податоците на соодветните даватели на услуги.
12. Билтен
Доколку сакате да го добивате билтенот кој се нуди на веб-страницата, треба да ја потврдите доставата на билтенот (англ. Newsletter) на Вашата е-мејл адреса во Вашиот кориснички профил. Не се собираат други податоци. Овие податоци ги користиме исклучиво за испраќање на бараните информации и ние не ги предаваме на трети лица. Можете во секое време да ја повлечете Вашата согласност за складирање на податоците, адресата на е-поштата и користењето на истата за испраќање на билтенот. Еден начин да го направите тоа е преку линкот „откажи“ (англ. „unsubscribe”) во билтенот.
13. Заштита на податоците
14. Хипер-врски (линкови) на надворешни веб-страници
15. Користење на Гугл Аналитика ( Google Analytics)
Нашата веб-страница ја користи „Гугл Аналитика“ (Google Analytics), услуга за веб-аналитика обезбедена од „Гугл“ (Google, Inc.), за да ни овозможи да го анализираме користењето на веб-страницата. Информациите генерирани од „Гугл Аналитика“ за Вашето користење на оваа веб-страница (вклучувајќи ја и вашата IP адреса) се зачувуваат од страна на „Гугл“, кој ќе ги користи овие информации исклучиво за анализа на користењето на веб-страницата. Ќе се произведуваат анонимни анализи и графики за бројот на посети, бројот на страниците до кои се пристапува по корисник итн. Ние овие податоци ги користиме само за контролирање и за дизајнирање на нашите веб-страници, за да бидат оптимизирани и да ги задоволат барањата. Повеќе информации за „Гугл Аналитика“ можете да најдете на: https://marketingplatform.google.com/about/.
16. Употреба на „колачиња“ (cookies)
17. Складирање на податоци за пристап
18. SSL енкрипција
19. Комуникација по електронска пошта (е-мејл)
Ве молиме да имате предвид дека преносот на податоци на интернет (на пример, комуникација преку е-пошта) може да биде предмет на безбедносни пропусти. Не е можно целосно да ги заштитите Вашите податоци од пристапот на трети страни. Вашите пораки ќе ни бидат пренесени без дополнителни техники за шифрирање. Затоа, на сите испратени информации потенцијално би можеле да им пристапат трети лица за време на преносот. Од безбедносни причини, не треба да праќате лозинки, броеви на кредитни картички или други информации кои сакате да ги чувате во тајност.