П1 Модули за обуки за МКФ во училиште
П1 претставува наставен план и прилагодени материјали за обука на стручните лица во училиштата, што овозможува користење на МКФ како заеднички јазик за опишување и проценка на состојбата на учениците со развојни потешкотии, земајќи ја предвид нивната околина.
Постоечките наставни програми и материјали за обука за примена на МКФ (види: www.icfcy-meduse.eu) се фокусираа и беа прилагодени за предучилишното образование и педијатриските средини (на пример: педијатриската грижа). Овие 4 модули (филозофијата на МКФ, кодирање со МКФ, вежби и практична примена) ќе бидат адаптирани за примена во училишните средини.
Овој секторски трансфер е во голем степен од иновативен карактер, бидејќи ќе вклучува и конкретни примери на примена на МКФ во училишните средини. Училишниот кадар, исто така, има можност да учи од искуството на другите (p2p учење), бидејќи ќе им биде овозможено да ја користат алатката МКФ за учење развиена во рамките на проектот: www.ICF-training.eu. Оваа алатка им овозможува на професионалците да учат едни од други преку следење, односно проучување на вистински (анонимни) случаи базирани на МКФ.
Пакетите со информации се илустрирани со видео материјали со примери за да се овозможи практично пренесување на 4-те модули.
Посебен акцент се става на соодветствувањето на елементите на МКФ и елементите од наставната програма, бидејќи ова прашање сè уште не е опфатено во постојните програми за обука. Германската алатка „Олеснувач на учењето“, која е изработена од нашиот партнер „Феникс" и јасно ги поврзува елементите на МКФ со елементите на националните наставни програми, се користи како пример за најдобра практика во овој контекст.
Наставна програма (curriculum)
Врз основа на моделот ориентиран кон резултатите од учење, наставната програма на „МКФ во училиште“ ги опишува неопходните знаења, вештините и пошироките компетенции кои им се потребни на стручните лица во училиштата за да можат да ја користат МКФ како заеднички јазик за учениците со потешкотии во развојот.
Модул 1: Филозофијата на МКФ
Стручните лица во училиштата ја разбираат МКФ како дел од семејството класификации на Светската здравствена организација (СЗО) и како заеднички јазик во „тимот околу семејството“. Врз основа на био-психо-социјален модел, стручните лица учат дека попреченоста претставува значајна интеракција помеѓу личноста со здравствен проблем и нејзината средина.
Модул 2: Структурата на МКФ
Стручните лица во училиштата ја разбираат структурата на МКФ. Тие можат да ги поврзат нивните набљудувања со здравствените компоненти од МКФ. Стручните лица се способни да ги „преведат“ училишните проблеми кои се однесуваат на децата со потешкотии во развојот на заеднички јазик и со тоа да создадат заедничка основа за размена со лекарите, социјалните работници, терапевтите и сл.
Модул 3: Кодирање и квалификатори
Стручните лица во училиштата се способни да ја проценат сериозноста на еден проблем користејќи ја МКФ. Можат да ги проценуваат ограничувањата во однос на учеството во училиште и ги знаат индикаторите за проценка и границите.
Модул 4: Вежби и конкретни примери
Стручните лица се запознаени со примери од праксата за тоа како се користи МКФ во рамките на училиштата во одредени земји.
Видео бр. 1 (момче на возраст од 10 години, дијагноза: G81, F72, G40)
Видеото бр. 1 Ве поканува да размислите за важната врска помеѓу личноста и нејзината средина.
Видео бр. 2 (девојче на возраст од 13 години; дијагноза: Q87, G81, F72)
Видеото бр. 2 поттикнува на размислување за категориите на 5-те здравствени компоненти на МКФ.
Видео бр. 3 (момче на возраст од 3 години, дијагноза: Q 90)
Видеото бр. 3 поттикнува на размислување за важноста на „целите за учество“ и Ве поканува да се обидете да развиете цели за учество врз основа на ова видео.
Видео бр. 4 (момче на возраст од 2,5 години, дијагноза: Q90)
Освен за целите за учество поврзани со детето, видеото со бр. 4 Ве поттикнува на размислување и за односот на женското лице кое е предмет на приврзување во ова видео и можните цели за неа.