П2 Ајде да користиме заеднички јазик



Овој отворен ресурс претставува интерактивна база на податоци која им помага на родителите да ја користат МКФ во нивниот (родителски) контекст и им го олеснува планирањето и следењето на напредокот на образованието на нивното дете. Оваа алатка им овозможува и на стручните лица во училиштата да зборуваат за исти кодови и опсервации со родителите. Таа нуди иновативен опис на она што детето може да го стори, засновајќи се на способностите на детето. На тој начин, алатката придонесува кон разбирањето на попреченоста во рамките на био-психо-социјален модел.

П2 на тој начин претставува и превод на МКФ на јазик разбирлив за семејството и алатка за електронски избор на опции за опис со цел да се обезбеди и опише комплетна состојба и да се создаде профил за детето со развојни потешкотии. Со тоа ќе бидеме сигурни дека:

1.    стручните лица во училиштето се на истото мислење;

2.    заедничките процеси на проценка стануваат можни (на пример, колку е сериозна развојната потешкотија);

3.    професионалците и родителите заедно планираат и спроведуваат мерки за поддршка на детето во училиште.

 

 

Брошура „МКФ на јазик разбирлив за семејството“

Во рамките на проектот „Заеднички јазик во училиште“ од програмата Еразмус+, за прв пат е создадена верзија на МКФ „на јазик разбирлив за семејството“. Со оваа верзија, ќе им се овозможи на родителите, старателите, како и на самите деца или младинци - како дел од „тимот околу семеството“ - да разговораат со стручните лица во врска со здравствените проблеми и целите за учество, користејќи еден заеднички јазик.

Воведниот текст („Што е МКФ?“) е напишан на лесно разбирлив јазик со цел да им се овозможи на родителите да разберат што е МКФ и зошто е таа значајна. Во вториот дел од оваа брошура е дадена целосната листа на кодови од верзијата на МКФ на јазик разбирлив за семејството. Брошурата е графичка дизајнирана на начин кој овозможува лесно и едноставно пронаоѓање на бараните содржини.

Брошурата е достапна на сите заинтересирани и може слободно и бесплатно да се преземе.

 

 

Ајде да користиме заеднички јазик – П2 – Интернет-алатка

П2 Интернет-алатката можете да ја најдете на линкот: o2.icf-school.eu.

Оваа Интернет-алатка е наменета за стручните лица во училиштата И родителите ,а во неа е интегрирана верзијата на МКФ на јазик разбирлив за семејството. Со оваа алатка, ситуацијата и корисните мерки во однос на детето можат да се опишат и да се документираат користејќи ја МКФ.

Алатка е бесплатна за користење за СИТЕ. (Потребно е да се регистрирате!)

 

 

 

Прирачник за П2 Интернет-алатката

Во однос на користењето на П2 Интернет-алатката, препорачуваме прво да се прочита Прирачникот!

Прирачникот ја опишува постапката за користење на оваа П2-алатка чекор по чекор.

(ЗАБЕЛЕШКА: Не е опишана регистрацијата на корисникот!)

 

eu-logo-en
© ICF-School.eu 2018-2021Disclaimer

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС

Колачињата ни олеснуваат да ви ги обезбедиме нашите услуги. Со користењето на нашите услуги ќе дозволите да користиме колачиња.