Првиот заеднички состанок на партнерите во проектот, со кој и официјално започна работата на проектните активности се одржа на 12-ти и 13-ти ноември во Грац, Австрија. Домаќин на средбата беше Педагошкиот универзитетот во Грац (PH Steiermark). Сите партнери вклучени во проектот испратија по најмалку еден свој претставник.
Координаторот, проф. д-р Претис, го водеше конзорциумот низ работната програма и основните карактеристики на планираните резултати, како и прашањата поврзани со администрацијата и управувањето со проектот. Беа разменети многу интересни идеи и се дискутираше за детали во врска со очекуваните резултати и можностите за дисеминација. На еден конструктивен начин и во интензивна работа беа разгледани сите важни прашања.
Целокупниот дух и мотивацијата на членовите на партнерството заедно со комбинацијата од експертизи на конзорциумот даваат причина за оптимизам дека проектот ќе ги даде очекуваните резултати!