Интерактивна постер-сесија

 

  Конференцијата 2019 Линц беше домаќин на биеналната конференција на Австриското здружение за истражување и развој во областа на образованието. Проектот „Заеднички јазик во училиште“ им беше претставен на учесниците од 5 држави од германското јазично подрачје, за време на интерактивната постер-сесија организирана во рамките на оваа конференција.

  Во фокусот на Конференцијата 2019 беа односите помеѓу науката за образованието, политиките, политичките случувања, како и развојот на образовната реалност. Затоа, презентацијата на МКФ и на главната цел на проектот да се промовира учеството и инклузијата преку употреба на заеднички јазик доведоа до интензивни дискусии на темата.

  За учесниците и колегите од германското јазично подрачје, пристапот ориентиран кон иднината, односно кон создавање на материјали во верзии лесни за читање за ученици и за родители, како и невербални картички кои ќе се користат да се зголеми комуникацијата, беа од особен интерес.

 

Извор: www.oefeb.at

 

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС