Настан за дисеминација во Хамбург

 

На 25.09.2019 година на Медицинскиот факултет Хамбург (MSH Medical School Hamburg) беше организиран настан за мултипликација со наслов „Заеднички јазик во тимот околу детето“, за заинтересираните стручни лица од инклузивните училишта. Во рамките на настанот, проектниот тим го претстави проектот пред учесниците, со посебен фокус на филозофијата и идејата на МКФ за професионалците во училиште, и даде конкретни примери за примената на МКФ во училиште. По презентацијата, учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да дискутираат во однос на примената на МКФ во училиштата.

 

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС