Сликата погоре илустрира дел од техничките дискусии водени за време на првиот состанок на партнерите во проектот, а во врска со дигиталните продукти/излезните резултати.
Се дискутираше за поврзаноста и соработката помеѓу излезните резултати, односно продуктите 2, 3 и 4 („Ајде да користиме заеднички јазик“, „Дозволете ми да бидам дел од тимот“, и „Преведувач на тестови на МКФ“) и беа илустрирани можностите кои ги нуди секој од нив.
На општото функционално ниво, односно на ниво на архитектурата на продуктите се постигна консензус дека трите продукта треба да користат една заедничка основа („продукт 0“) и дека функционалноста на секој продукт тогаш може да бидат модули „прикачени“ на „продуктот 0“ и на тој начин сите три продукта можат беспрекорно да се интегрираат.
Деталите за дизајнот на оваа модуларна архитектура и точната функционалност на продуктите, односно излезните резултати 2, 3 и 4 ќе бидат дефинирани во следната фаза на проектот.