Проект на УНИЦЕФ во Киргистан
Обука на стручни лица за МКФ и средби со семејствата
Во рамките на проектот на УНИЦЕФ во Киргистан, имав можност да обучам професионалци од различни области (семејни лекари, патронажни сестри, социјални работници и сл.), да работиме во тимови и да организираме средби со семејствата.
МКФ ја користевме како рамка за да зборуваме за потребите за поддршка и помош на децата со развојни потешкотии (0-3 години). Содржините на модулите од нашиот проект www.icf-school.eu беа претставени на оваа тридневна обука.