Презентација на проектот во седиштето на Општина Центар
На 22.3.2019 година, претставник на Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ од Скопје оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на која го информираше за идејата и целите на проектот „Заеднички јазик во училиште“. Градоначалникот изрази своја поддршка на проектот од името на Општината и беше договорена идна соработка на проектните активности.