Почетни настани за отворање на Центар за истражување на инклузивното образование во Грац
Центарот за истражување на инклузивно образование е проект за соработка помеѓу Универзитетот во Грац, Универзитетскиот колеџ за образование на наставници на Штаерска и Приватниот универзитетски колеџ за образование на наставници во Грац и ја соединува експертизата за истражување на инклузивното образование на трите институции.
Како дел од отворањето на Центарот за инклузивно образование, беше огранизирана „Недела на инклузија“ од 9 до 13 ноември 2020 година која вклучуваше различни интересни настани. Интернет презентациите на тековните истражувања во однос на инклузивното образование се одржаа на 09.11. (понеделник) и 10.11.2020 (вторник) од 17:00 до 18:30 часот. Повеќе од 150 учесници од различни институции од Австрија и странство учествуваа во овие настани.
Силвија Коп-Сикст и Катерина Тодорова го претставија проектот „Заеднички инклузивен јазик: ICF @ School“. Беа презентирани филозофијата на МКФ, политиките за поддршка на МКФ од компаративна меѓународна перспектива за промовирање на инклузивно образование и истражувањето спроведено во рамките на проектот.