Одржан Мултипликатор Е4 во Штип
На 7 мај во просториите на ООУ „Ванчо Прке” се одржа настан за мултиплицирање како дел од проектот – „Заеднички јазик во училиште“- Е4-„Oспособување на наставниците да го користат “Заеднички јазик во училиштe” (англ. E4 „Empowering teachers to use a common language” ), организиран во рамките на проектот од програмата Еразмус+ на ЕУ, со бр. 2018-1-AT01-KA201-039199. Обучувачи беа наставничката по Англиски јазик Евдокија Коцева и училишниот психолог Вилма Ничева.
На настанот присуствуваа 30 наставници од одделенска и предметна настава од основните училишта во Штип како и од некои средни училишта во Штип. На настанот беа презентирани сите четири продукти од овој проект. Наставниците искажаа голема заинтересираност за продуктите од проектот,како и подготвеност за примена на електронските алатки од соодветните продукти. Сметаат дека ќе им биде од голема корист и олеснување за во иднина.