П4 Преведувач на психолошки тестови во МКФ

 

П4 претставува адаптиран продукт за дисеминација на таканаречениот „Преведувач на практики на МКФ", електронска алатка која овозможува поврзување на опсервации поврзани со детето (анонимно претставени) со елементи на МКФ од страна на експертска системска веб-базирана база за самостојно учење .

Преведувачот на практиките на МКФ е создаден за „преведување“ на описот на проблемот на детето (и изворот) направен врз основа на набљудувања во форма на слободен текст во систематски и споредлив опис базиран на МКФ. Практичната примена покажа дека постои едно важно прашање кое досега не е адресирано, а тоа е поврзувањето на психолошките тестови и МКФ - со други зборови, "превод" на резултатите од психолошките тестирања во кодови на МКФ. Поради ова алка која недостига, употребата на МКФ на полето на психологијата до сега беше ограничено.

Ова значи дека (за училишните и другите психолози) постои реална потреба за алатка која обезбедува алгоритми и методологија која овозможува трансфер на нивните податоци од тестирањата (на пример, IQ-вредности, T-вредности во тестови за читање/ пишување) во кодови на МКФ и квалификаторите на СЗО.

Токму овие иновативни аспекти и можности за трансфер кои досега не беа адресирани, се тие кои Преведувачот на психолошки тестови во МКФ ќе ги олесни и тоа ќе го постигне на следниве начини:

  1. Превод со мапирање на критериуми

Преведувачот на тестови ќе може да ги префрли (мапира) податоците од избраните тестови во податоци од еден или повеќе кодови на МКФ, поврзани со критериумите измерени со конкретниот тест. За избраните психолошки тестови овие корелации/онлајн врски ќе бидат достапни (врз основа на достапни научни податоци) во форма на предлози со кодови од МКФ.

  1. Превод со мапирање на вредностите

Преведувачот на тестови ќе може да ги мапира психометриските својства и вредностите на избраните тестови (на пример, IQ-скала, T-вредност и др.) на скалата за ранг на квалификаторите на СЗО. Ова ќе овозможи совпаѓање на психолошките вредности (на пример, IQ = 70 во квалификаторот на СЗО = .2). Со оваа алатка за мапирање, училишните психолози ќе можат да ги преведат своите „класични резултати од тестирање" во квалификатори од МКФ.

  1. Интерактивен уредувач на мапирањето

Листата на тестови земени во предвид и податоците во врска со нив, таканаречени „мапи за преведување на тестови" треба да можат да бидат проширливи и отворени. Со ова, и останатите методи на тестирање кои не се првично земени предвид би можеле да се земат предвид и да се додадат. Така, на пример, училишните психолози, како и психолозите генерално, можат да ги поврзат своите конкретни податоци од тестови, како на пример био-медицинските податоци (АПГАР, должина, тежина и слично) со МКФ.

  1. Интеграција и прилагодување на корисничкиот интерфејс

Освен проширената и новоизградената функционалност на Преведувачот на тестови, оваа интеграција бара голема техничка и графичка реконструкција на целокупната алатка, вклучувајќи ги и деловите „наследени“ од Преведувачот на практиките на МКФ. Придвижувајќи се од десктоп апликација богата со функции, новиот Преведувач на тестови ќе ги следи трендовите како адаптивен дизајн, соодветност за користење на мобилен уред и „едноставен и интуитивен“ пристап, со што ќе се намалат елементите на корисничкиот интерфејс до минимум секогаш кога е можно.

 

П4 ќе биде достапен во ноември 2020 година.

 

 

Ајде да користиме заеднички јазик – П4 – Интернет-алатка

П4 Интернет-алатката можете да ја најдете на линкот: o4.icf-school.eu.

Оваа онлајн-алатка првенствено е наменета за стручните лица и психолозите во училиштата.

Алатката овозможува 'превод' на резултатите од стандардизираните психолошки тестови во кодовите и квалификаторите на МКФ.

Алатка е бесплатна за користење за СИТЕ. (Потребно е да се регистрирате!)

 

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС

Колачињата ни олеснуваат да ви ги обезбедиме нашите услуги. Со користењето на нашите услуги ќе дозволите да користиме колачиња.