Користење на заеднички инклузивен јазик во училиште

 


КОНТЕКСТ

 

МКФ, односно Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (СЗО, 2001) претставува заеднички јазик за опишување состојбата на едно лице со здравствен проблем, во согласност со стратегиите на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост усвоена во рамките на Обединетите Нации. Во повеќето земји од Европската унија се предвидува како главен хевризам, со оглед на тоа дека ја зголемува социјалната инклузија и меѓународната, како и меѓусекторската споредливост и се фокусира на учеството, вклучувајќи ги родителите и учениците во значајни активности.

Преку овој фокус на учеството (што едно лице со здравствен проблем може да направи, во споредба со она што останатите лица на негова возраст во една дадена ситуација/контекст можат да направат), МКФ овозможува да се опише индивидуалната ситуација на лицето, при што овој опис е заснован на неговите способности.

На тој начин, МКФ го прифаќа искуството на попреченост како нормално и го препознава како универзално човеково искуство. Во рамките на нејзиниот втор чекор, МКФ ја поддржува проценката, бидејќи способностите се поврзани со типичната возраст, психолошките тестови и училишните наставни планови и програми.

Користењето на МКФ во училиштата бара нов аспект на стручност на наставниците, кој подразбира познавање на МКФ, прифаќање на различностите, создавање синергии и поврзување на потребите со обезбедување на услуги за учество за да се избегне исклученоста и оптеретувањето на училишниот, односно социјалниот буџет.  Со дефинирањето на попреченоста како интеракција помеѓу човекот и неговата околината, се зголемуваат и инклузијата и социјалната кохезија: врсниците разбираат што е детето со попреченост МОЖЕ да направи.

 

ЦЕЛИ

 

1. Спојување на МКФ и инклузијата

„Заеднички јазик во училиште" претставува своевиден мост помеѓу инклузивните училишта и другите сектори, бидејќи во другите сектори веќе се применува МКФ или пак се спроведуваат обуки во однос на примената на  меѓународната класификација. Со исклучок на една работна група во Австрија за дефектолози, МКФ е непозната во училишните средини. Претходните ЕУ проекти на темата МКФ се фокусираа на зголемување на свеста и подготовка на модули за обука за предучилишни установи (www.icf-training.eu) и медицинска нега (www.icfcy-meduse.eu).

За да ги искористиме постоечките ресурси:

  • алатките (за обука) се шират кон потребите на училиштата;
  • ИКТ алатките се поврзуваат со тестовите кои ги користат училишните психолози и
  • прелиминарните неопходни верзии на МКФ лесни за читање се користат за потребите на родителите и на учениците.

 

2. Користење на синергии

Во земјите членки на ЕУ, кога се зборува за учениците со развојни потешкотии, фокусот е поставен на нивното целосно учество, еднаквоста, поставувањето на цели, взаемното разбирање и координацијата. "Заеднички јазик на училиште" ги поддржува учениците со развојни потешкотии и нивно целосно учество во сите сфери на животот. Секој од членовите на „тимот околу семејството" (децата, родителите, наставниците, психолозите, дефектолозите, терапевтите...) може активно да учествува користејќи ја МКФ како мета-јазик.

Инклузивното образование е транснационална европска тема за постигнување на еднаквост и социјална кохезија.

 

3. Процес на сертификација за обучувач на обучувачи 

Во рамките на проектот ICFCY-MedUse, чии резултати се достапни на адреса: www.icfcy-meduse.eu, создадени се алатки за сертифицирање на обучувачи за МКФ. Оваа алатка се користи и во рамките на "Заеднички јазик во училиштето", со што обучените наставници/ училишни психолози можат да станат обучувачи, во смисла на одржливо градење на капацитетите.

 

 

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

 

Проектот „Заеднички јазик во училиште" ќе трае од 1 септември 2018 година до 31 август 2021 година.

На проектот работат 10 партнери од 4 држави од Европа (Австрија, Германија, Северна Македонија и Турција), а го кординира проф. д-р Манфред Претис. (За повеќе детали, посетете го делот со наслов „Партнери“.)

 

 

КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ

 

Резултатите ги вклучуваат следниве продукти:

  • Информативни пакети „МКФ во училиште“
  • Адаптиран опис на МКФ кодовите лесно разбирлив за родителите со наслов: „Ајде да користиме заеднички јазик“
  • Алатка за самопроценка за ученици  „Дозволете ми да бидам дел од тимот"
  • Компјутерска алатка „Преведувач на тестови“ за училишни психолози.

(За повеќе детали, посетете го делот со наслов „Резултати“.)

 

 

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС