Конференција на тема МКФ во организација на „Образование за сите“

На 15 ноември 2019 година, Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ од Скопје, во рамките на проектот од Еразмус+ КА201 програмата „Заеднички јазик во училиште“ (англ. Common Language in Schools), организираше конференција на тема практичната примена на МКФ во училишен контекст.

Конференцијата под наслов „Образование за сите – јазик за сите во училиште“ се одржа во ИНОФЕИТ Центарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и собра повеќе од 80 учесници - членови на наставниот кадар и стручните служби на основните и средните училишта од земјава (редовни и посебни), социјални работници, логопеди, претставници на здруженија на родители на деца со попреченост, претставници на научни здруженија.

Настанот беше поделен на два дела. Во првиот дел учесниците можеа да ги следат презентациите на проф. д-р Манфред Претис (СИНН Евалуацион) и проф. Силвиа Коп-Сикст (Педагошки универзитет на Штаерска) од Грац, Австрија, проф. д-р  Дуду Мелек Ер-Сабунчуоглу (Универзитет Инстинје во Истанбул) од Истанбул, Турција и г. Горан Петрушев, претседател на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија. Вториот дел беше резервиран за две работилници -  „МКФ за наставен кадар“, која ја одржа м-р Катерина Тодорова (Медицински факултет Хамбург) од Хамбург, Германија, и „Функционална проценка на децата кои имаат потреби од дополнителна поддршка“, која ја одржа проф. д-р Манфред Претис.

 

 

 Презентација на проф. д-р Манфред Претис

 

Презентација на м-р Катерина Тодорова

 

Презентација на проф. д-р Дуду Мелек Ер-Сабунчуоглу

 

Презентација на проф. м-р Силвиа Коп-Сикст

 

                      

     

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС

Колачињата ни олеснуваат да ви ги обезбедиме нашите услуги. Со користењето на нашите услуги ќе дозволите да користиме колачиња.