Е8: Меѓународна конференција на тема МКФ „МКФ@УЧИЛИШТЕ - заеднички инклузивен јазик“

Завршната конференција „МКФ @ училиште - заеднички јазик“ – односно мултипликацискиот настан Е8 во рамките на Еразмус+ проектот  „Заеднички јазик во училиште“, се одржа на 17-ти април 2021 година, како заеднички настан на Универзитетскиот колеџ за образование на наставници на Штаерска и проектиот конзорциум www.icf-school.eu и беше организиран како меѓународен виртуелен конгрес.

Конференцијата започна со презентации на поканетите предавачи:

- проф. д-р Манфред Претис  - „Холистичен поглед кон децата во училиште: МКФ како нова перспектива на разбирање во инклузивни средини“,

- д-р Мелек Ер-Сабунчуоглу - „МКФ во тимската работа на училиште“,

- д-р мед. Клеменс Феодоров  -  „МКФ како врска помеѓу медицината, образованието, психологијата и социјалната работа“,

- проф. д-р Питер Лиенхард - „Имплементацијата на МКФ во училишниот систем во Швајцарија“.

 

На работилниците кои следеа, учесниците имаа можност да научат повеќе за практичната имплементација на МКФ во училиштата и за работата во рамките на интердисциплинарен тим.

Повеќе од 130 учесници од над 5 земји, вклучувајќи ги Австрија, Германија, Швајцарија, Италија, Северна Македонија и Турција присуствуваа на конференцијата и имаа можност да ги разменат своите искуства со говорниците.

Заклучоците ќе бидат достапни наскоро на: de/stories-de/list-stories-de/492-story-80-de.

 

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС

Колачињата ни олеснуваат да ви ги обезбедиме нашите услуги. Со користењето на нашите услуги ќе дозволите да користиме колачиња.